• eni
  • bardahl

За Нас

Мото Трејд увоз-извоз дооел е основана 1990 година како друштво за производство,промет,трговија и услуги,која подоцна се преименува во Компанија Мото Трејд увоз-извоз дооел друштво за производство,промет,трговија и услуги. Генерален увозник и дистрибутер во Република Македонија на брендовите Eni S.p.A, Bardahl и Galax. Во нашиот продажен асортиман нудиме широка палета на масла, масти и адитиви за сите видови патнички и комерцијални возила, како масла и масти за индустриска намена.

Нашата визија е секогаш чекорот со времето, да се создаде силна и стабилна компанија за задоволување на сите потреби на современиот потрошувач како и создавање меѓусебно партнерство и проширување со користење различни ресурси од најголемата европска енергетска компанија Eni S.p.A и Bardahl кои се мултинационални светски познати компании со традиција повеќе од 70 години и дистрибуција во повеќе од 80 земји ширум светот. Исто така и Galax која е позната компанија уште од некогашните Југословенски простори со квалитет и традиција повеке од 70 години.

Нашата мисија е развивање и нега на партнерските односи со нашите добавувачи, создавање на силни и стабилни партнерски односи со потрошувачите, снабдување на потрошувачите со најквалитетни производи од врвна технологија во склад со највисоките еколошки стандарди, создавање на позитивна работна атмосфера низ постојана едукација и усовршување на вработените.